Администрацијата на Доналд Трамп планира значително проширување на забраната за патување, што би опфатило 36 дополнителни земји. Во доверлив документ од Стејт департментот, кој го пренесе „Вашингтон пост“, се наведува дека овие земји имаат рок од 60 дена да ги исполнат американските стандарди, во спротивно ќе се соочат со делумни или целосни визни забрани.
На листата се 25 африкански земји, меѓу кои и сојузници како Египет, Етиопија и Џибути, како и држави од Средна Азија, Карибите и Пацификот, како Сирија, Камбоџа, Киргистан и Вануату. Причините за забраната се издавање на ненадежни документи, злоупотреби во матичната евиденција, прекршување на временските рокови за престој и антисемитско и антиамериканско однесување во САД.
Земјите мора да достават акциски план и да прифатат депортирани државјани или да потпишат договор за „сигурна трета земја“ до среда, во спротивно ќе следи забрана за влез. Оваа мерка следува по претходната забрана за патување од 13 држави, која Трамп ја воведе во јуни. Политиката на администрацијата предизвика критики од демократите и организации за човекови права поради дискриминацискиот карактер и големиот број африкански и карипски земји опфатени.