ПРВ.мк
Свет

Маск го активираше Старлинк во Иран за непречен пристап до интернет

Маск го активираше Старлинк во Иран за непречен пристап до интернет

Милијардерот Илон Маск преку социјалната мрежа Икс објави дека го вклучил системот за сателитска комуникација Старлинк во Иран. Ова се случи поради блокадата на интернетот што иранските власти ја воведоа за граѓаните поради израелските напади врз иранската нуклеарна програма.

„Сигналот е вклучен“, напиша Маск во својата објава.

Иранското Министерство за комуникации претходно информираше за воведување привремени ограничувања на пристапот до интернет, со цел да се ограничи пристапот до странски информации за време на конфликтот меѓу Техеран и Ерусалим.

Сподели го овој напис