ПРВ.мк
Свет

Над пет милиони Американци протестираа против Трамп за време на воената парада

Над пет милиони Американци протестираа против Трамп за време на воената парада

Во Вашингтон се одржа голема воена парада по повод 250-годишнината од Армијата на САД и 79-от роденден на претседателот Доналд Трамп, јави ДПА.

Во исто време, низ целата земја се одржаа повеќе од 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU).

Главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг, истакна дека протестите испраќаат јасна порака дека граѓаните нема да бидат заплашени од тактиките на претседателот.

„Американците се храбри и сакаат демократија, нема да останат по страна додека администрацијата на Трамп го напаѓа нашиот Устав“, рече таа.

Сподели го овој напис