ПРВ.мк
Свет

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Објавени фотографии од маскираниот убиец по кој се трага во САД

Во тек е масовна потера по вооружениот човек кој во саботата уби демократска конгресменка и нејзиниот сопруг во Минесота. Извор блиски до потрагата соопшти дека осомничениот е идентификуван и се наоѓа на три милји од местото на злосторството.

Вооружениот маж, преправен како полицаец, ја уби демократската конгресменка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг Марк во веројатно „политички мотивирано убиство“. При рана беше и друга конгресменка и нејзиниот сопруг, изјавија гувернерот на Минесота, Тим Волц, и полициски службеници.

Осомничениот избегал пеш по пукањето и оставил возило во кое полицијата пронашла манифест и список на други пратеници и службеници.

Истражителите го идентификуваа осомничениот како Венс Лутер Боелтер (57), за кого полицијата објави фотографии и го бара за испрашување.

На списокот, пронајден во возилото, има околу 70 имиња, меѓу кои даватели и застапници за абортус, како и пратеници од Минесота и други држави. Меѓу нив се гувернерот Волц, сенаторката Тина Смит и други.

Началникот на полицијата изјави дека пронашле и флаери од групата „Без кралеви“, која ги откажа протестите поради опасноста од вооружениот осомничен.

Убиството предизвика жестоки реакции од политичари од двете партии со повици за намалување на политичката реторика. Гувернерот Волц го осуди нападот како „целно политичко насилство“, додека поранешниот претседател Трамп изјави дека таквото насилство нема да биде толерирано и изрази поддршка за Минесота.

Сподели го овој напис