ПРВ.мк
Свет

Руте открива: Русија произведува четири пати повеќе муниција од НАТО – време е за сериозно зголемување на одбранбените буџети

Руте открива: Русија произведува четири пати повеќе муниција од НАТО – време е за сериозно зголемување на одбранбените буџети
Escape

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, предупреди дека Русија ги зголемува воените капацитети со невиден темпо и воената муниција ја произведува во количини кои ги надминуваат тие на целиот НАТО.

Тој откри дека Русија за само три месеци произведува три пати повеќе муниција отколку што целиот НАТО произведува за една година.

Поради тоа, Руте ја повика НАТО алијансата да го зголеми својот одбранбен буџет на 5% од БДП, вклучувајќи средства за сајбер одбрана и цивилна инфраструктура, нагласувајќи: „Ако не го направиме тоа, ќе мора да научиме руски.“

Тој потенцираше дека оваа голема инвестиција е потребна за одвраќање и спречување на натамошна воена ескалација.

Mia Home Mavrovo