Ратко Младиќ, поранешен командант на Главниот штаб на Војската на Република Српска, почина на 27 август на 84-годишна возраст во притворската единица во Шевенинген.
Тој беше во притвор од неговото апсење во 2011 година во селото Лазарево во Србија, а десет години подоцна, на 8 јуни 2021 година, во Хаг му беше изречена правосилна пресуда со која беше осуден на доживотен затвор.
Тој ден вниманието на светската јавност беше насочено кон Младиќ и неговата реакција при изрекувањето на конечната пресуда.
На почетокот Младиќ мирно стоеше со слушалки на ушите и ги слушаше зборовите на судијата. Како што тогаш пренесуваа медиумите, во одредени моменти тој се смеел, а бил забележан и како мавта во правец на камерите.
Неговото однесување и реакцијата по потврдувањето на доживотната затворска казна предизвикаа бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Седницата накратко била прекината
Седницата на Жалбениот совет на судот во Хаг на самиот почеток била накратко прекината поради технички проблеми, но набрзо продолжила.
Младиќ беше правосилно осуден на доживотен затвор по 10 од 11 точки од обвинението, меѓу кои за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото, истребување, убиства, депортација и присилно преместување, тероризирање, противправни напади врз цивили и земање припадници на Обединетите нации како заложници.
Ратко Младиќ почина на 27 август во затворската болница во Шевенинген, а беше погребан на 7 септември на Топчидерските гробишта во Белград.
Видео:







