ПРВ.мк
Свет

РАДИКАЛЕН ПОТЕГ: Еден од најпопуларните детски цртани доби забрана

РАДИКАЛЕН ПОТЕГ: Еден од најпопуларните детски цртани доби забрана

Украина воведе санкции против продуцентите на популарната руска анимирана серија „Маша и мечката“, со што е отворен патот за блокирање на нејзината содржина во земјата.

Украинските власти го образложуваат потегот со тврдење дека руските анимирани содржини можат да претставуваат инструмент за пропаганда и закана за националната безбедност.

Според министерката за култура Татјана Бережна, само во 2025 година украинскиот YouTube канал на „Маша и мечката“ забележал повеќе од 800 милиони прегледи.

„Нема место за руска пропаганда на детските екрани“, порача Бережна.

Одлуката следува и по новинарска истрага според која каналот бил исклучително популарен меѓу украинската публика, а приходите од рекламирањето завршувале кај руските сопственици.

„Маша и мечката“ се емитува од 2009 година и стана глобален феномен, прикажуван во десетици земји.

Од Москва пристигна остра реакција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека Украина сега започнала „војна против цртаните филмови“.

Мерките се предвидени за период од 10 години, а Киев ги повика и своите сојузници да преземат слични чекори против дистрибуцијата на руски анимирани содржини.