ПРВ.мк
Свет

Путин нареди нова мобилизација: 135.000 млади Руси ќе облечат униформа до крајот на годината

Путин нареди нова мобилизација: 135.000 млади Руси ќе облечат униформа до крајот на годината

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој наредува есенска регрутација за воена служба. Од 1 октомври до 31 декември 2025 година, 135.000 граѓани на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани во армијата, пренесе „Интерфакс“.

Указот, објавен на официјалниот портал за правни информации на Русија, предвидува регрутација на лица кои не се во резерва и подлежат на воена обврска според федералниот закон. Истовремено, војниците и морнарите на кои им завршува рокот на отслужување ќе бидат отпуштени од служба.

Службата за регрутите останува 12 месеци, како и досега. Според документот, новите војници ќе бидат распоредени исклучиво во рамките на Руската Федерација, без испраќање во Украина во рамки на оваа кампања.

Escape