ПРВ.мк
Македонија

„Овие избори се за иднината — Мицкоски повикува на масовна поддршка во Скопје“

„Овие избори се за иднината — Мицкоски повикува на масовна поддршка во Скопје“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, вечерва се обрати на централниот предизборен митинг во Скопје, каде порача дека овие избори не се само обична политичка трка, туку одлука за тоа во каква држава ќе живее македонскиот народ.

„Стојам пред вас искрено и одговорно, како на почетокот на мојата мисија, и ви ветувам – нема да ве разочарам. Заедно ќе победиме, за иднината на нашите деца и за Македонија“, истакна Мицкоски.

Тој нагласи дека македонските граѓани треба да испратат јасна порака до, како што рече, „малата клика која живее од татковината, наспроти народот кој живее за татковината“. Според него, тие што досега правеле неморални коалиции и ја држеле државата уценета и понижена, ќе го добијат својот одговор – а тој одговор е народот.

„Ова не се само локални избори. Ова е финална битка за тоа каква држава ќе победи – дали држава на рушители и манипулатори или држава која гради и создава. Наша обврска е тие што веќе еднаш беа симнати од власт да ги поразиме уште еднаш и конечно да ги испратиме во политичка пензија“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Escape