ПРВ.мк
Македонија

Полицијата фати двајца со две илегално уловени срни во автомобил

Полицијата фати двајца со две илегално уловени срни во автомобил

Двајца битолчани се приведени откако полицијата во нивното возило пронајде две илегално уловени срни.

Инцидентот се случил вчера околу 10:30 часот на крстосницата за село Брод, општина Новаци. Полицајците од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија ги лишиле од слобода С.Ф. (51) и В.Ф. (26), двајцата од Битола.

При преглед на автомобилот „Форд“ со битолски регистарски ознаки, во кој С.Ф. бил возач, а В.Ф. сопатник, биле пронајдени еден карабин, две ловечки пушки со дозволи, неколку уловени пајки (со дозвола за лов), како и две уловени срни за кои немале дозвола.

Против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава по целосно документирање на случајот.

Escape