ПРВ.мк
Македонија

„Визер“ отвора директна линија Скопје – Штутгарт: Нови летови за Европа од утре!

„Визер“ отвора директна линија Скопје – Штутгарт: Нови летови за Европа од утре!

Авиокомпанијата „Визер“ го лансира новиот директен лет од Скопје до Штутгарт, со три полетувања неделно – понеделник, среда и петок. Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“.

До 24 октомври, летовите ќе се реализираат во понеделник и петок во 06:25, а во среда во 06:30, со пристигнување околу 11:10 по локално време. Со почетокот на зимскиот распоред, сите летови ќе полетаат во 06:30 и ќе слетуваат во 11:30.

Со новата линија, „Визер“ ќе нуди вкупно девет директни рути од Скопје до Германија, вклучувајќи дестинации како Берлин, Дортмунд, Франкфурт и Минхен. Дополнително, до крајот на годината се планирани летови до Стокхолм, Мадрид, Прага и Ларнака, а следната година се очекуваат и нови линии до Неапол, Будимпешта, Катовице, Вроцлав и Милано.

Оваа експанзија ја потврдува позицијата на „Визер“ како главен транспортен мост меѓу Македонија и Европа, овозможувајќи им на патниците полесно и побрзо да патуваат на континентот.

Escape