Севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ким Сон Ѓонг, изјави дека неговата земја никогаш нема да се откаже од својата нуклеарна програма, нагласувајќи дека тоа би било исто како да се откажат од својот суверенитет и право на постоење.
Во својата порака на Генералното собрание на ОН, првпат по 2018 година, Ким истакна дека „денуклеаризацијата“ на ДНРК е недозволиво барање и дека земјата ќе продолжи да ја одржува својата воена сила како средство за одвраќање против заканите од САД и нивните сојузници.
Министерот додаде дека засилените сили за физичко одвраќање на Северна Кореја ја ограничуваат волјата на непријателите за војна и ја обезбедуваат рамнотежата на моќта на Корејскиот Полуостров.
Оваа изјава доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја најави желбата за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, во обид да се оживее директната дипломатија, која претходно не успеа да доведе до запирање на нуклеарната програма на Пјонгјанг.