ПРВ.мк
Македонија

Големо заладување го зафаќа Балканот – Македонија пред прв бран снег и мраз!

Големо заладување го зафаќа Балканот – Македонија пред прв бран снег и мраз!

Македонија ја очекува нагло заладување – студен бран од север ќе донесе силен ветер, обилен дожд и услови за снег на повисоките планини. Според прогнозата на УХМР, од среда попладне до петок ќе бидеме под влијание на влажен бран со врнежи што локално може да надминат 30 литри на квадратен метар.

Во четврток и петок, под притисок на студената воздушна маса, врнежите од дожд на високите планини ќе преминуваат во снег, а утринските температури на места ќе паднат до нула степени. Северниот ветер дополнително ќе го засили чувството на студ.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со минимални 12 и максимални 22 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија со 24 степени, додека Маврово ќе забележи само 6 степени наутро.

Добрата вест е дека викендот носи стабилизација и постепено покачување на температурите, но пред тоа земјата ќе ја почувствува вистинската моќ на есенскиот студен бран.

Escape