ПРВ.мк
Македонија

Повеќе од 2.000 пожари во Македонија – уапсени 60 лица за подметнување!

Повеќе од 2.000 пожари во Македонија – уапсени 60 лица за подметнување!

Од 1 април до 29 септември годинава во Македонија се регистрирани вкупно 2.080 пожари на отворен простор, при што полицијата уапсила 60 лица поврзани со подметнување на пожари, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, по преземени мерки се поднесени 36 кривични пријави. Најголемиот дел од пожарите се резултат на човечки фактор и се води постапка за нивно расчистување и евентуално утврдување на меѓусебна поврзаност.

Од 1 јули, кога беше воведена забрана за движење во шума, до 29 септември биле затекнати 27 лица без писмено одобрение за движење во шумски подрачја. Против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно Законот за шуми.

Во борбата против шумските пожари, полициските служби користат дронови за мониторинг и рано откривање на огнените жаришта. Министерството за внатрешни работи истакнува дека со овие мерки значително е зголемена ефикасноста при предупредување и лоцирање на пожари, како и идентификација на причинителите.

Escape