Бродот „Џони М“, дел од Глобалната флотила Сумуд која превезува хуманитарна помош за Газа, утринава почнал да се полни со вода во Средоземното Море и испратил повик за помош. Турските власти веднаш координирале безбедна евакуација на патниците, кои потекнуваат од Луксембург, Франција, Финска, Мексико и Малезија.
Во акцијата учествувале турската Црвена полумесечина и други надлежни институции, со што сите патници биле успешно пренесени на безбедни бродови. Капетанот на „Алма“, брод кој помогнал во спасувањето, потврди дека не станува збор за потонат брод, туку за техничка неисправност, а 12 лица биле евакуирани, од кои четворица ќе заминат кон своите матични земји преку Туркије.
Од Глобалната флотила Сумуд изразија благодарност до турската Влада и Црвената полумесечина за брзата реакција и координација, додавајќи дека нема да има значителни одложувања и се очекува мисијата да стигне до целта во рок од четири дена.