ПРВ.мк
Свет

Преживеана од пожарот во Кран-Монтана со потресна изјава

Преживеана од пожарот во Кран-Монтана со потресна изјава
Kristal

По трагичниот пожар во бар во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана, кој одзеде десетици животи, преживеаните почнаа да сведочат за стравотиите што се случувале во првите минути од инцидентот.

Викторија, една од лицата кои успеале да се спасат, за францускиот радиодифузер BFMTV опиша сцени кои, како што вели, никогаш нема да ги заборави. Според неа, пожарот започнал кога огномет поставен на шише шампањ го зафатил таванот на барот.

„За неколку секунди целиот таван гореше. Воздухот стана недишлив, а чадот беше толку густ што прозорците целосно поцрнеа“, раскажува таа.

Просторот, кој се наоѓал во подрум, бил тесен и без доволно излези, што дополнително ја влошило ситуацијата. Во паниката, дел од присутните почнале да кршат прозорци во обид да внесат воздух.

„Верувам дека многу луѓе не изгореа, туку се задушија. Сè се случи премногу брзо. Луѓето плачеа, врескаа, сите беа во паника. И сега се тресам кога зборувам за тоа“, вели Викторија.

Таа објаснува дека пламенот се проширил кога жена, која била крената на рамена, го држела шишето шампањ со огномет превисоко, по што огнот го зафатил таванот и експлозивно се раширил.

Слично сведоштво дал и Адриен, кој исто така бил во барот во моментот на пожарот.

„Гледавме како луѓе кршат прозорци, трчаат на сите страни и врескаат. Родители доаѓаа со автомобили во очај. Сцените личеа на хорор филм“, изјави тој.

Истражните служби продолжуваат да ги утврдуваат сите околности околу трагедијата, додека јавноста е потресена од размерите на катастрофата која ја одбележа новогодишната ноќ во Кран-Монтана.

FixCredit
Escape