ПРВ.мк
Свет

Москва под воздушна тревога за Нова година: Соборени пет украински дронови над главниот град

Москва под воздушна тревога за Нова година: Соборени пет украински дронови над главниот град
Kristal

Пет украински беспилотни летала биле неутрализирани над Москва за време на новогодишната ноќ, соопшти градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин.

Тој информираше дека првично биле соборени три дронови до околу 2:30 часот по локално време, а подоцна вкупниот број се искачил на пет. Во неколку објави на социјалните мрежи, Собјанин наведе дека специјализирани екипи веднаш излегле на терен и ги испитуваат остатоците од дроновите на местата каде што паднале по нивната неутрализација.

Според официјалните информации, нема пријавени повредени лица ниту материјална штета во градот.

Поради безбедносни причини, привремено биле ограничени операциите на аеродромот Домодедово, еден од четирите главни аеродроми во Москва. Дополнително, краткотрајни прекини во авионскиот сообраќај имало и на неколку аеродроми во јужниот и централниот дел на европска Русија.

Руските власти засега не соопштуваат повеќе детали за потеклото и целта на дроновите.

FixCredit
Escape