ПРВ.мк
Македонија

Хаос и насилство на тетовските улици: Пијан 19-годишник дивеел и нападнал полицајци, тешко повредени две млади лица

Хаос и насилство на тетовските улици: Пијан 19-годишник дивеел и нападнал полицајци, тешко повредени две млади лица
Kristal

Ноќта во Тетово беше обележана со серија сериозни сообраќајни инциденти и насилство, при што во два одделни случаи има тешко повредени лица, а полицијата интервенираше во драматични околности.

Првиот инцидент се случил во 00:54 часот на улицата „Иво Рибар Лола“, кога полицијата го лишила од слобода 19-годишниот А.З. од селото Порој. Младиот возач управувал патничко возило „фолксваген голф“ под дејство на алкохол – измерени му биле 1,68 промили – и удрил во рабник. По приведувањето и при укажување медицинска помош во Клиничката болница Тетово, ситуацијата дополнително ескалирала. При земање крв за анализа, тој физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Против него ќе бидат поднесени пријави за безобѕирно управување со моторно возило и напад врз службено лице.

Само еден час подоцна, околу 01:50 часот, се случила уште една тешка сообраќајна несреќа, овојпат на улицата „Браќа Миладиновци“. Возило „голф“, управувано од 22-годишниот А.М. од Шемшево, излетало од коловозот. Во несреќата тешко се повредиле возачот и неговата 17-годишна сопатничка од селото Љубин. Двајцата итно биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им е укажана лекарска помош.

Полицијата најави целосно документирање на двата случаи и соодветни кривични пријави против инволвираните лица.

FixCredit
Escape