ПРВ.мк
Македонија

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек
Kristal

Три одделни сообраќајни инциденти биле регистрирани ноќта, при што полицијата приведе двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол и еден возач кој се движел во спротивен правец.

Во Велес, околу 04:55 часот, полициски службеници го привеле 29-годишниот З.Ј., кој на улицата „Димитар Влахов“ со автомобил марка „сеат“ удрил во метална канделабра. Алкотестот покажал дека возачот имал 1,66 промили алкохол во крвта.

Неколку часа претходно, во Тетово, во 00:54 часот, бил приведен А.З. (19) од селото Порој. Тој на улицата „Иво Рибар Лола“ со „фолксваген голф“ удрил во рабник, а при контролата било утврдено дека возел со 1,68 промили алкохол. Подоцна, при укажување лекарска помош во Клиничката болница Тетово, младиот возач физички нападнал полициски службеници додека тие извршувале службени задачи.

Во Кочани, пак, во 01:50 часот, полицијата го лишила од слобода 69-годишниот Д.Ѓ., кој со патничко возило „форд“ со штипски таблички влегол на кружен тек во спротивен правец и продолжил да се движи спротивно по улицата „Димитар Влахов“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на настаните, против сите тројца ќе бидат поднесени соодветни пријави за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

FixCredit
Escape