Денес се навршуваат 14 години од смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија и една од клучните личности во современата македонска историја.
Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје, на 94-годишна возраст. Роден на 3 мај 1917 година во Штип, тој остави длабока трага во политичкиот и државотворниот процес на земјата.
Како претседател, Киро Глигоров одигра значајна улога во мирното осамостојување на Македонија, како и во процесот на меѓународно признавање и позиционирање на државата на светската сцена. Неговото име и денес се поврзува со идејата за стабилност, дијалог и државничка одговорност.















