ПРВ.мк
Свет

Трагична новогодишна ноќ во Германија: Двајца 18-годишници загинаа по експлозии на пиротехника

Трагична новогодишна ноќ во Германија: Двајца 18-годишници загинаа по експлозии на пиротехника
Kristal

Новогодишната ноќ во германскиот град Билефелд беше обележана со тешка трагедија, откако двајца млади мажи на 18-годишна возраст го загубија животот во два одделни инциденти поврзани со рачно изработени пиротехнички средства.

Според информациите од полицијата, двата случаи се случиле во рок од околу половина час. Во првиот инцидент, кој се одиграл во населбата Баумхајде, тинејџерот починал на самото место. Како што пренесува германската агенција ДПА, младиот човек запалил пиротехничка направа поставена во песок на детско игралиште, по што таа експлодирала директно пред неговото лице.

Германскиот весник „Билд“ наведува дека станувало збор за импровизирана пиротехничка направа со голема експлозивна моќ, што довело до фатални повреди.

Кратко потоа, во друг дел од Билефелд се случил и вториот трагичен инцидент, во кој исто така загинал 18-годишен млад човек под слични околности. Полицијата не соопшти детали за вториот случај, но потврди дека и таму станувало збор за експлозија на рачно изработена пиротехника.

Властите започнаа истрага и повторно апелираа до граѓаните да не користат нелегални и импровизирани пиротехнички средства, предупредувајќи дека тие претставуваат сериозна опасност по животот.

FixCredit
Escape