Непосредно пред крајот на 2025 година, македонскиот трговски ланец КАМ повторно покажа дека вложувањето во вработените е дел од неговата корпоративна култура.
Во празничен дух, компанијата и оваа година ги израдува своите вработени со новогодишни ваучери за спортска опрема во вредност од 6.000 денари, кои можат да се искористат во продавниците на Sport Vision. Ваучерите се дел од бенефициите со кои КАМ ја наградува посветеноста и ангажманот на својот тим.
„Ова е наше искрено признание за трудот, лојалноста и секојдневниот придонес на вработените, благодарение на кои заедно ги постигнуваме целите и резултатите“, истакнуваат од компанијата.
Од КАМ порачуваат дека и во 2026 година ќе продолжат со истата посветеност – да градат успешна компанија заснована на вистински вредности, тимска работа и взаемна почит.
















