ПРВ.мк
Македонија

Прво бебе во 2026 година во Велес е девојче – родено пред пладне во Општата болница

Прво бебе во 2026 година во Велес е девојче – родено пред пладне во Општата болница
Kristal

Велес ја доби првата убава вест во новата година. Првото новороденче во 2026 година во градот е девојче, кое се роди денеска во 11:15 часот на Одделението за акушерство при ЈЗУ Општа болница Велес, информираа од болницата.

И мајката и бебето се во добра здравствена состојба, а раѓањето беше дочекано со радост од медицинскиот персонал.

Градоначалникот на Велес, Марко Колев, најави дека денеска во 15:00 часот ќе ја посети мајката заедно со новороденчето, при што ќе упати честитки и симболичен поздрав за првото бебе во годината.

FixCredit
Escape