Во текот на новогодишната ноќ, на Клиниката за токсикологија биле згрижени вкупно 31 пациент, информира д-р Нико Беќаровски.
Најмладата пациентка имала само 14 години, а вкупно 13 од примените лица биле малолетни. Најстарата пациентка имала 44 години.
Според податоците, доминирале машките пациенти – 21 лице, додека 10 биле од женски пол.
По укажаната медицинска помош и извршените прегледи, сите пациенти биле пуштени на домашно лекување.
















