ПРВ.мк
Свет

ПАНИКА НА АЕРОДРОМ: Авион со патници удрил во цистерна со гориво – еве што се случувало!

ПАНИКА НА АЕРОДРОМ: Авион со патници удрил во цистерна со гориво – еве што се случувало!
Kristal

Вистинска паника настана на аеродромот во Единбург откако авион на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ удрил во цистерна со гориво за време на движењето кон пистата за полетување.

Инцидентот се случил околу 10 часот наутро, додека авионот се подготвувал за лет кон Фаро, Португалија. По судирот, преплашените патници биле итно евакуирани од леталото, а на терен веднаш интервенирале противпожарните служби.

Патници кои биле во авионот сведочат дека моментот бил исклучително вознемирувачки. Според нив, пилотот се обидел преку разгласот да ја смири ситуацијата, нагласувајќи дека нема сериозна опасност, но стравот кај присутните бил очигледен. Еден од патниците изјавил дека имале „голема среќа што авионот не се движел со поголема брзина“.

Од аеродромот во Единбург потврдија дека навистина имало инцидент, но нагласија дека не дошло до пожар и дека безбедноста не била сериозно загрозена. Исто така, беше соопштено дека настанот немал влијание врз редовното функционирање на аеродромот.

Шкотската противпожарна и спасувачка служба информира дека нивни екипи биле повикани веднаш по судирот и дека една противпожарна единица останала во состојба на готовност додека аеродромските служби ја санирале ситуацијата.

Поради инцидентот, летот за Португалија бил одложен за неколку часа, а патниците биле префрлени на друг авион на „Рајанер“. На сите им биле доделени ваучери за користење на аеродромот додека чекале ново полетување.

Засега не е познат точниот број на патници кои биле во авионот во моментот на судирот, а истрагата за причините на инцидентот е во тек.

FixCredit
Escape