Таткото и синот Акрам, кои минатата недела извршија најсмртоносниот терористички напад на плажата Бонди во Сиднеј, го планирале нападот месеци наназад, откриваат судски документи.
Пред да почнат да пукаат, тие фрлиле и четири бомби кои не експлодирале, а петтата бомба била пронајдена во багажникот на нивниот автомобил. Двојката, која се придржувала кон насилна екстремистичка идеологија, снимала видеа со пораки пред знамето на „Исламската држава“.
Судските документи укажуваат дека нападот бил детално планиран, а напаѓачите ја посетиле плажата Бонди два дена пред трагичниот настан за да ја извидат локацијата. Во терористичкиот чин загинаа 16 лица, вклучувајќи еден од напаѓачите, а околу 40 лица беа повредени.
По нападот, полицијата пронашла оружје, лак со стрели и религиозни материјали во нивното престојувалиште. Истрагата продолжува, а синoт Навид Акрам се очекува да се појави пред суд во април.
















