ПРВ.мк
Македонија

Шокантна кражба во Кочани: Му ја украле картичката и извадиле огромна сума на пари од банкомат!

Шокантна кражба во Кочани: Му ја украле картичката и извадиле огромна сума на пари од банкомат!
Kristal

Во Кочани се случи вознемирувачка кражба, при која три лица успеале да извршат голема финансиска злоупотреба.

Според информации од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, О.С.А. (41) од Штип одзел паричник со пари, лични документи и платежна картичка од куќа на жртвата на 29 октомври 2025 година.

Потоа, картичката била предадена на Д.К. (35) од Штип и С.М. (38) од Кочани, кои од банкомат извршиле три успешни трансакции по 30.000 денари, односно вкупно 90.000 денари. Исто така, направиле и обид за уште една трансакција, кој бил неуспешен.

Сега против сите три лица се поднесени кривични пријави за кражба, соизвршителство и неовластено навлегување во компјутерски систем.

FixCredit
Escape