ПРВ.мк
Свет

Оваа земја ги забрани Божиќ, Нова година и јавното изразување тага на погреби

Оваа земја ги забрани Божиќ, Нова година и јавното изразување тага на погреби
Kristal

Иако има посетено многу конзервативни и затворени држави, патописецот Роберт Дачешин вели дека Таџикистан му оставил еден од најсилните и најнеобични впечатоци во кариерата. Земјата ја посетил пред неколку години, а искуството го опишува како едно од најекстремните со кои се соочил.

Иако целиот живот го посветил на патувања и различни култури, Таџикистан, според него, се издвојува по строгите правила што навлегуваат длабоко во секојдневниот живот на граѓаните. Во земјата се забранети Нова година, Божиќ и било каков вид јавна прослава. Не се дозволуваат ниту големи свадби, а на погребите е строго забрането гласно плачење, држење на рацете на главата или јавно покажување силни емоции.

Како што открива Дачешин, ограничувањата не завршуваат тука. Забрането е на децата да им се даваат странски имиња, мажите не смеат да носат долги бради, а под забрана се и сите боречки спортови и вештини што, според властите, промовираат насилство.

Дури и роденденските прослави можат скапо да чинат. Оние кои ќе се осмелат да прослават роденден во кафуле или ресторан ризикуваат високи парични казни. Таков пример е случајот со Амирбек Исаев, кој пред неколку години морал да плати казна поголема од 600 евра – сума што претставува сериозен удар за стандардот во Таџикистан.

Клучниот доказ против него била фотографија објавена на Фејсбук, на која се гледа торта. И покрај тоа што келнерот на суд сведочел дека никој не му честитал роденден, Исаев бил прогласен за виновен.

Од 2016 година, граѓаните се обврзани да ги именуваат своите деца исклучиво со имиња од официјален државен регистар. Истото важи и за угостителските објекти – рестораните мора да носат традиционални имиња. Така, отворање ресторан со странско име, како на пример италијанско, не е дозволено, бидејќи законот за државниот јазик тоа строго го забранува.

FixCredit
Escape