ПРВ.мк
Македонија

Поднесено обвинение за возачот што усмрти велосипедист на „Гоце Делчев“

Поднесено обвинение за возачот што усмрти велосипедист на „Гоце Делчев“
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 37-годишен жител на Скопје, кој се товари за тешко кривично дело од областа на сообраќајот, поради трагичната несреќа во која загина велосипедист.

Според соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетиот на 3 ноември 2025 година, околу пладне, управувал патничко возило „Фолксваген пасат“ по булеварот Гоце Делчев, при што не се придржувал до сообраќајните правила и сериозно ја загрозил безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Во близина на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“, обвинетиот пристигнал до пешачки премин без да ја намали брзината, иако се движел со околу 53 километри на час – над дозволената брзина за населено место. Поради тоа, не успеал навреме да го запре возилото и со предниот дел удрил во велосипедист кој минувал преку пешачкиот премин.

Од силината на ударот, велосипедистот Јорго Ќука се здобил со исклучително тешки телесни повреди и починал на самото место. Надлежните органи веднаш извршиле увид, а истрагата утврдила дека несреќата била директна последица на непочитување на сообраќајните прописи.

Кривичното дело е квалификувано како едно од најтешките дела против безбедноста во сообраќајот, за кое е предвидена затворска казна од најмалку четири години. Случајот дополнително ја отвори дебатата за безбедноста на пешачките премини и одговорноста на возачите во градските средини.

FixCredit
Escape