ПРВ.мк
Македонија

Дурмиши: Годината ја почнуваме со добри вести – стартува примената на законот за сезонска и привремена работа

Дурмиши: Годината ја почнуваме со добри вести – стартува примената на законот за сезонска и привремена работа
Kristal

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информира дека од денес стапува на сила законот со кој се уредува сезонската и привремената работа, овозможувајќи студентите и пензионерите да бидат работно ангажирани без да ги изгубат своите права и бенефиции.

Преку објава на Фејсбук, Дурмиши истакна дека 1 јануари носи позитивен почеток на годината и значајна законска промена што ја става сезонската и привремената работа во јасна правна рамка.

„Годината ја започнуваме со добри вести. Денес започнува примената на законот што значи помалку сива економија. Студентите и пензионерите сега можат легално да се ангажираат во сезонска и привремена работа без страв дека ќе ги изгубат правата или бенефициите што им следуваат“, наведува министерот.

Тој посочува дека мерката е од особено значење, бидејќи им овозможува на граѓаните да остваруваат дополнителен приход со достоинство, им помага на компаниите полесно да обезбедат работна сила и придонесува кон формализирање на пазарот на труд, со што директно се намалува сивата економија.

Дополнително, Дурмиши потсети дека од денес започнува и примената на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, чија цел е поттикнување на квалитетни инвестиции, отворање нови работни места и зголемување на конкурентноста на домашната економија.

FixCredit
Escape