Утрово во Македонија беа измерени исклучително ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со –13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се регистрирани –11 степени, во Битола –10, додека во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до –9 степени.
Во Штип, Демир Капија и Кавадарци утрово беа измерени –8 степени, во Охрид –7, на Попова Шапка –6, во Претор, Виница и Крушево –5, а во Маврови Анови –4 степени.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и студено, со повремени сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови од земјата, се очекува појава на локален дожд, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а на места и засилен ветер од јужен правец.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 2 до 6 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено, со умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне околу 3 степени.














