ПРВ.мк
Свет

Објавена фотографија од сопственичката на швајцарскиот бар: со изгореници на раката и во шок по пожарот

Објавена фотографија од сопственичката на швајцарскиот бар: со изгореници на раката и во шок по пожарот
Kristal

По сериозниот пожар што избувна во новогодишната ноќ, во јавноста се појави фотографија од сопственичката на барот Le Constellation во Швајцарија. Станува збор за Џесика Морети, која, според информациите, претрпела изгореници на раката и се наоѓала во состојба на шок.

Барот, каде што се случил инцидентот, го води францускиот пар Жак и Џесика Морети, кои го презеле објектот во 2015 година и целосно го реновирале. По пожарот, сите официјални профили на барот на социјалните мрежи, вклучувајќи Инстаграм и Фејсбук, биле блокирани, а сопствениците сè уште немаат дадено јавно соопштение за настанот.

Покрај Le Constellation, парот Морети се поврзува и со други угостителски објекти во регионот. Според достапните информации, тие се сопственици и на ресторанот Le Senso во Кран-Монтана, како и на Le View Chalet 1978 во Ленс, во кантонот Во, каде што и живеат.

И покрај сериозноста на пожарот кој избувнал во раните утрински часови на 1 јануари, двајцата сопственици го преживеале инцидентот. Според наводите, Џесика Морети била повредена, но надвор од животна опасност.

FixCredit
Escape