Трагедија се случила за време на лет од Истанбул кон Диселдорф, откако турски државјанин починал во текот на патувањето. Поради итната ситуација, авионот бил принуден да слета на аеродромот во Белград.
Според информациите на српските медиуми, 54-годишниот патник за време на летот станал од своето седиште и се упатил кон тоалетот. Откако подолго време не се вратил, екипажот се посомневал дека нешто не е во ред.
Стјуардеса ја отворила вратата од тоалетот, каде што мажот бил пронајден без свест. Пилотот веднаш донел одлука авионот да биде пренасочен и итно да слета во Белград.
По слетувањето, медицинските екипи веднаш интервенирале, но и покрај обидите за помош, можеле само да ја констатираат смртта на патникот.
За случајот е известено надлежното обвинителство, а по налог на дежурниот обвинител телото е испратено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.







