ПРВ.мк
Свет

Небото над Украина гореше: Русија нападна – Зеленски повикува на итна интервенција

Небото над Украина гореше: Русија нападна – Зеленски повикува на итна интервенција
Escape

Украина повторно беше мета на масовен воздушен напад, а според претседателот Володимир Зеленски, Русија лансирала 26 крстосувачки ракети и дури 597 борбени дронови, од кои најголем дел биле ирански „Шахед“. Нападите биле насочени кон Харков, Суми, Лавов и Буковина, оставајќи зад себе разурната инфраструктура и човечки жртви.

Украинските сили за противвоздушна одбрана, според Зеленски, успеале да соборат над 20 ракети и огромно мнозинство од дроновите, што спречило уште поголема катастрофа. „Им благодарам на нашите сили за противвоздушна одбрана за овој резултат“, објави претседателот на мрежата Икс (поранешен Твитер).

Но, трагедијата не беше целосно избегната – во Чернивци загинаа две лица, а околу дваесетина се повредени. Нападот ја погодил цивилната инфраструктура, вклучително и станбени згради. На сите повредени им се укажува медицинска помош.

Зеленски упати итен повик до меѓународната заедница за одлучни и конкретни дејствија, не само декларативна поддршка. Неговите барања се јасни:

  • Построги санкции за оние што ѝ помагаат на Русија во производството на дронови и профитираат од нафтениот извоз
  • Поголема испорака на системи за противвоздушна одбрана
  • Инвестиции во дронови-пресретнувачи, кои веќе се покажале како ефикасни на бојното поле

„Оваа војна може да се запре само со сила. Очекуваме конкретни дејствија што спасуваат животи, не само сигнали“, нагласи Зеленски.

Регионалните власти во Чернивци, преку гувернерот Руслан Запарањук, потврдија дека руски напади го погодиле градот и неговата околина, при што загинаа две лица, а повеќемина беа хоспитализирани со повреди од различен степен.

Украина се наоѓа во уште една тешка ноќ поради технологијата на уништување, а исходот сè повеќе зависи од брзината и решителноста на Западот.

Mia Home Mavrovo