Иако многумина велат дека „животот почнува на 40“, кардиологот од Њујорк, д-р Еван Левин, предупредува дека некои штетни навики треба да се отфрлат пред таа возраст – ако сакате да бидете здрави и да живеете подолго. Тој ги посочува четирите најопасни животни навики кои, според него, сериозно го загрозуваат здравјето доколку не се елиминираат навреме:
1. Пушење – не чекајте да биде предоцна Пушењето е една од главните причини за прерана смрт, а д-р Левин советува да се откажете што е можно порано. „Можете да избегнете најмногу компликации ако престанете пред 40-тата. Не чекајте до 60-те“, вели тој. Секоја цигара ја зголемува штетата, предупредува и Националната здравствена служба.
2. Алкохол – повеќе од едно пијалок дневно е ризично Иако многумина не го сфаќаат сериозно, д-р Левин нагласува дека долготрајното пиење алкохол не само што го зголемува ризикот од срцеви заболувања и рак, туку може да води и до социјални проблеми, како разводи, невработеност и семејно насилство. Препораката е: максимум еден пијалок дневно – и тоа не секој ден.
3. Прекумерно вежбање – телото има граници Иако физичката активност е здрава, претерувањето може да има спротивен ефект, предупредува кардиологот. Трчањето на долги патеки и кревање тешки тегови можат да доведат до оштетувања на зглобовите и покачен крвен притисок. Наместо тоа, советува умерена и разновидна активност, како пешачење, пливање или јога.
4. Нездрава исхрана – престанете да јадете „што сакате“ Последниот совет е да се збогувате со „сè што ви се јаде“ – особено ако тоа значи брза храна, газирани пијалоци, шеќерни бомби како фрапучино и енергетски напитоци. Д-р Левин вели: „Не комплицирајте – едноставно намалете го внесот на шеќер и преработени масти.“
Неговата порака е јасна: Малите промени пред 40-тата можат да значат животна разлика подоцна.