ПРВ.мк
Црна Хроника

Бомба пред дом, пожар во дуќан – двоен напад врз висок полициски службеник во Битола

Бомба пред дом, пожар во дуќан – двоен напад врз висок полициски службеник во Битола
Escape

Синоќа во Битола се случија два сериозни напади насочени кон висок полициски службеник: експлозија пред неговиот дом и пожар во дуќанот што го поседува под кирија, дознава Инфомакс од извори блиски до истрагата.

Првиот инцидент се случил во 2:05 часот на улицата „Охридска“, кога непознат сторител фрлил експлозивна направа, при што се оштетени најмалку седум возила („Волксфаген“, „БМВ“, „Тојота“, „Киа“, „Рено“, „Матиз“ и „Тико“), како и врати и прозорци од околните куќи.

Иако во официјалниот билтен на МВР не е прецизирано чие семејство било цел, Инфомакс дознава дека се работи за полициски службеник кој претходно бил инволвиран во апсења со акција на Дога.

Само час и 15 минути подоцна, во 3:17 часот, бил пријавен и втор инцидент на улицата „Борис Бастерот“, каде што избувнал голем пожар во барака – дуќан кој според неофицијални информации припаѓа на истиот полициски службеник. Огнот зафатил и четири возила, меѓу кои три со битолски и едно со скопски регистарски таблички.

Пожарот бил локализиран од Територијалната противпожарна единица Битола, а за среќа нема повредени, но штетите се големи.

И во двата случаи, увид извршиле екипи на СВР Битола по насоки од јавен обвинител, а во тек се интензивни истражни мерки за расчистување на нападите. Засега нема приведени, но индициите дека двете случувања се поврзани и таргетирани се сè посилни.

Ова е прв случај во последно време во кој е директно нападнат полициски службеник, што ја отвора темата за безбедноста на припадниците на институциите и нивните семејства, особено во контекст на борбата против организираниот криминал.

Mia Home Mavrovo