ПРВ.мк
Свет

Москва предупредува: ЕУ ризикува вооружен конфликт ако го искористи ова!

Москва предупредува: ЕУ ризикува вооружен конфликт ако го искористи ова!
Kristal

Поранешниот руски претседател и сегашен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, упати остро предупредување кон Европската Унија. Според него, секое користење на замрзнатиот руски државен имот за финансирање на Украина може да се третира како „повод за војна“.

ЕУ разгледува две опции за поддршка на Украина со цел покривање на проценетиот финансиски јаз до 2029 година, вреден 90 милијарди евра. Првата опција предвидува користење на замрзнатите руски средства како „репарациски заем“, кој Украина би го вратила под услов Русија да плати воена отштета. Ова, сепак, наидува на силен отпор од Белгија и одделни членки на Унијата.

Втората опција предвидува задолжување на меѓународните пазари преку ново европско задолжување, но за тоа е потребна едногласна поддршка од сите земји членки, што е блокирано од Унгарија.

Во услови на зголемени тензии, политичките анализатори предупредуваат дека ЕУ мора внимателно да ја избере стратегијата за финансиска поддршка на Украина за да избегне можен конфликт со Москва.

FixCredit
Atensa 300
Escape