Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје соопшти дека поради реконструкција на делницата Скопје – Зелениково, во периодот од 11 декември 2025 до 10 јуни 2026 година повеќе возови целосно ќе бидат укинати.
Станува збор за важни линии што секојдневно ги користат патници од Скопје, Велес и Битола, па се очекуваат сериозни потешкотии во железничкиот сообраќај.
Според соопштението, шест возови нема да сообраќаат во наведениот период, и тоа:
- Воз 601, релација Скопје – Велес (тргнување 08:00)
- Воз 2081, релација Скопје – Велес (тргнување 13:20)
- Воз 643, релација Скопје – Битола (тргнување 14:30)
- Воз 2080, релација Велес – Скопје (тргнување 12:10)
- Воз 2082, релација Велес – Скопје (тргнување 14:24)
- Воз 642, релација Жабени – Скопје (тргнување 11:15)
Од „Железници“ порачаа дека реконструкцијата е неопходна за безбедно и поефикасно функционирање на пругата, а патниците ќе бидат навремено известувани доколку има промени во сообраќајот.

















