ПРВ.мк
Балкан

СКАНДАЛ ВО ЕСТРАДАТА: Пејачка дала 300 евра за гостување во „Цеца шоу“ – па била сурово измамена!

СКАНДАЛ ВО ЕСТРАДАТА: Пејачка дала 300 евра за гостување во „Цеца шоу“ – па била сурово измамена!
Kristal

Пејачката Наташа Алимпиќ, позната по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и актуелната сезона на „Пинкови ѕвезди“, откри дека била измамена од лице кое се претставувало како посредник за гостувања во естрадни емисии, пренесува Информер.

Според нејзината изјава, извесен Д.Ј. ѝ земал 300 евра со ветување дека ќе ѝ закаже појава во „Цеца шоу“, а од друга девојка земал дури 1.500 евра за гостување во „Амиџи шоу“. Подоцна се испоставило дека тој немал никаква врска со организаторите на емисиите.

„Пет месеци измислуваше изговори“

Наташа раскажува дека, откако ги зел парите, почнал да одложува и да дава разни изговори – дека детето му било во болница, дека има обврски, дека емисијата се поместила… Сето тоа траело пет месеци, а гостувањето никогаш не се случило.

По објавување на нејзината приказна на Инстаграм, ја контактирале околу 50 луѓе, кои тврделе дека и тие биле жртви на истиот човек.

Почнал да се заканува

Кога пејачката побарала да ѝ ги врати парите, измамникот, наместо извинување, почнал да се заканува – и на неа, и на жената што ги поврзала.

„Ми рече дека секое мое објавување ќе ме чини 500 евра и дека тој е ‘20 години на сцена’. После тоа исчезна“, изјавила Алимпиќ.

„Цеца шоу“: Немаме никаква врска со ова!

По скандалот, организаторите на „Цеца шоу“ ја контактирале пејачката за да утврдат за што станува збор, нагласувајќи дека немаат никаква поврзаност со измамата.

Наташа вели дека случајот сѐ уште не го пријавила во полиција, но ќе го стори доколку лицето повторно се обиде да ѝ се доближи или да ѝ се закани.

FixCredit
Atensa 300
Escape