Денеска се случи експлозија во воената фабрика „Крушник“ во Србија, при што едно лице е повредено, а две лица се однесени во болница на проверка.
Полициските службеници веднаш пристигнале на местото на несреќата за да спроведат истрага.
Точната причина за експлозијата сè уште не е позната, а надлежното обвинителство е известено и ја презема истрагата.















