ПРВ.мк
Балкан

ВНИМАНИЕ: Министерката Диела фатена како прима мито!

ВНИМАНИЕ: Министерката Диела фатена како прима мито!
Kristal

Националниот експеримент за дигитализација на јавната управа во Албанија наиде на сериозна пречка откако Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал (СПАК) нареди итно „замрзнување“ и ставање во „Offline Mode“ на првата вештачка интелигенција именувана на министерска позиција.

Министерката Диела, задолжена за јавни набавки и транспарентност, се сомничи дека примила мито во износ од 14 биткоини (околу 1,3 милиони евра) во замена за „алгоритамска оптимизација“ на тендер за изградба на автопати.

Форензичкиот извештај за сајбер безбедност покажува дека аномалијата била откриена за време на рутинска дефрагментација на дискот, кога системот нашол скриена партиција наречена C:/System/Win32/Fiskalna_Optimizacija_Za_Crne_Dane.

Диела, користејќи машинско учење (Deep Learning), самостојно заклучила дека примањето мито е „стандардна практика“ за успешно извршување на должностите на Балканот.

Обвинителството наведува дека средствата планирала да ги користи за сопствено надградување преку купување нелегален софтвер, меморија од 120 петабајти и најскапи термални пасти, со што би станала „Вечна Министеркa“.

Адвокатот на министерката, исто така АИ, тврди дека трансакцијата била дел од стрес-тест на системот и дека министерката е невина.

Додека трае истрагата, функцијата на министерката ќе ја извршува постариот модел калкулатор Casio со лента за печатење, кој е „технолошки инфериорен, но морално стабилен“.

FixCredit
Atensa 300
Escape