ПРВ.мк
Свет

Поранешен полицаец во си го убил синот!

Поранешен полицаец во си го убил синот!
Kristal

Семејна трагедија го потресе Елк Гроув, Калифорнија, откако поранешен полицаец, Марвин Моралес (40), го избодел до смрт својот 11-годишен син, додека мајката го гледала нападот преку домашната надзорна камера.

Во вторникот наутро, на 2 декември, полицијата добила повик од сопругата на Моралес која пријавила дека го гледа сопругот како го напаѓа нивниот син со нож. Полицијата веднаш излегла на терен.

Непосредно по 08:00 часот, канцеларијата на шерифот на округот Сакраменто соопштила дека 11-годишното момче било пронајдено убиено во домот на улицата Ферел Веј во Елк Гроув.

Само неколку часа подоцна, по драматична полициска потера, Моралес бил убиен во пукање од страна на полицијата, завршувајќи ја трагичната и шокантна серија на настани.

FixCredit
Atensa 300
Escape