Во Старата Скопска Чаршија вечерва избувна пожар во непосредна близина на црквата „Свети Спас“, предизвикувајќи голема вознемиреност кај граѓаните и трговците во околината. Пожарот бил пријавен во 19:43 часот, кога првите пријави стигнале до Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Според информациите, пламенот зафатил стара куќа сместена веднаш до црквата, при што густ чад се издигал над Чаршијата. На местото интервенираат 12 пожарникари со четири противпожарни возила, кои активно работат на локализирање и целосно гаснење на огнената стихија.
Причините за пожарот засега не се познати, а екипите остануваат на терен до целосно обезбедување на локацијата.

















