ПРВ.мк
Скопје

НОВО СЕМЈЕНО НАСИЛСТВО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Татко тепал ќерка со саксии, таа извикувала ,,ПОМОГНЕТЕ МИ''

НОВО СЕМЈЕНО НАСИЛСТВО ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Татко тепал ќерка со саксии, таа извикувала ,,ПОМОГНЕТЕ МИ''
Kristal

По трагедијата во Карпош, кога млада мајка се фрли од балкон со својата ќерка поради семејно насилство, сè повеќе жртви се охрабруваат да ги пријават ваквите случаи. Полициските билтени секојдневно бележат нови пријави, а граѓани кои сведочат на вакви сцени јавно зборуваат за насилството што се случува зад затворени врати.

Скопјанка за весникот „Вечер“ сведочи за брутален инцидент што се случил во саботата вечерта околу 19 часот во населбата Црниче. Според неа, седумдесетгодишен татко физички ја нападнал својата 30-годишна ќерка на балкон од станбена зграда.

Очевидците раскажуваат дека мажот ја удирал жената со саксии по главата и ѝ удирал силни шлаканици по лицето. Девојката очајно викала и барала помош од минувачите.

„Викаше ‘помогнете ми’, бараше некој да повика полиција. Потоа насилниот маж ја внесе внатре и ги затвори балконските врати“, раскажува сведокот кој сакал да остане анонимен.

Луѓето кои се нашле пред супермаркетот во близина биле шокирани од сцената. Еден од присутните дури и извикал кон балконот барајќи мажот да престане да ја тепа жената. Сепак, според сведоците, дел од соседите не реагирале.

Неколкумина очевидци веднаш почнале да се јавуваат на полицискиот број 192, но никој не одговарал на повикот. По неколку неуспешни обиди, тие се јавиле на бројот за итни случаи 112, каде што оператор примил пријава и ги поврзал со полициската станица „Пролет“.

Од таму им било кажано дека веднаш ќе биде испратена патрола. Сепак, според сведоците, полицијата пристигнала дури по околу половина час.

„Кога конечно пристигнаа полицајците, ни зедоа изјави и влегоа во зградата. Кога излегоа, прашавме дали жената е добро. Ни одговорија дека ‘е црвена, но психички не е ОК’“, раскажува сведокот, разочаран од реакцијата на службите.

Случајот е евидентиран во полицискиот билтен на 8 март.

„Полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал 30-годишната ќерка“, информираа од полицијата.

По трагичниот случај во Карпош, полицијата и Министерството за труд и социјална политика формираа работни групи кои треба да предложат измени во законите за подобра и побрза заштита на жртвите од семејно насилство.

Адвокатите посочуваат дека законска рамка за заштита од семејно насилство постои, но проблемот често е во нејзината примена.

Во друг случај регистриран неделава, полицијата привела 68-годишен маж кој со остар предмет го нападнал својот 35-годишен син. Судот му изрекол итна мерка – отстранување од домот во траење од 30 дена.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo