ПРВ.мк
Скопје

ЕВН СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Утре ќе нема струја до 15 часот - еве каде!

ЕВН СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Утре ќе нема струја до 15 часот - еве каде!
Kristal

Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток) делови од неколку скопски населби ќе останат без електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

Според најавата, без струја ќе бидат следните подрачја:

Во општина Карпош, од 08:30 до 12:30 часот, корисниците на улицата „1506 Скупи“, дел од улицата „Никола Карев“ кај реката Лепенец и објектите околу „Стоп енд Го“.

Во населбата Козле, од 09:00 до 14:00 часот, дел од потрошувачите на улицата „Козле“, поточно во близина на бројот 91.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците на улицата „Исаија Мажовски“, булеварот „Васил Војвода Чакаларов“ и околните помали улици.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на прекинот на електричната енергија.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo