На 03.12.2025 околу 18:15 часот, на Граничниот премин Белановце, полициските службеници привеле 48-годишен државјанин на Косово, идентификуван како Ф.Б., кој се обидувал да влезе во Македонија.
За време на пасошката и граничната контрола, при детални проверки во оперативните евиденции било утврдено дека за него е распишана меѓународна мерка „апси“, издадена по барање на Интерпол.
По приведувањето, лицето веднаш било предадено на полициските службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

















