Белгискиот премиер Берт де Вевер истакна дека очекувањата Русија да ја изгуби војната во Украина се илузија и дека ЕУ треба да се подготви за реални сценарија. Тој се спротивстави на планот на Европската Унија за користење на замрзнатите руски средства како заем за Киев, предупредувајќи дека Русија се заканила со „вечна одмазда“ доколку Белгија дозволи користење на овие финансиски средства.
„Очекувањата дека Русија ќе ја изгуби војната се бајка и илузија. Затоа, ќе мора да ги вратиме замрзнатите средства кога конфликтот ќе заврши“, изјави Де Вевер.
Белгија е најголемиот противник на планот на ЕУ, бидејќи најголемиот дел од замрзнатите 140 милијарди евра руски средства во Европа се наоѓаат на сметките на белгискиот депозитар за хартии од вредност „Евроклир“. Белгиската влада постојано изразува загриженост за правни ризици, предупредувајќи дека евентуална тужба против „Евроклир“ би можела да предизвика голема финансиска криза.

















