ПРВ.мк
Магазин

Ирма Гризе – „Хиената од Аушвиц“: Камшикување и насилство над затворениците

Ирма Гризе – „Хиената од Аушвиц“: Камшикување и насилство над затворениците
Kristal

Жените чуварки во нацистичките концентрациони логори често не се толку познати како нивните машки колеги, но тоа не значи дека биле помалку сурови. Од околу 37.000 чувари кои активно учествувале во претепување, мачење и убивање на затворениците, околу 10 отсто биле жени. Многу од нив биле жестоки и безмилосни, но една од најпознатите по својата бруталност била Ирма Илзе Ида Гризе, чуварка во логорите Аушвиц и Берген-Белзен.

Ирма, позната под прекарите „хиена“ или „убавата ѕверка“, добила својот надимок поради суровите методи со кои се однесувала кон затворениците. Свидетелите од судењата раскажувале дека таа често ги тепала затворениците до смрт, користејќи кожен камшик кој го применувала на гола кожа. Гризе била позната и по тоа што, откако ќе ги камшикувала затворениците, обожавала да мастурбира додека лекарите им ги преврзувале повредите.

Ирма потекнувала од семејство со историја на ментални нарушувања. Мајка ѝ извршила самоубиство поради брачна афера на нејзиниот сопруг. Гризе го напуштила училиштето на 14-годишна возраст, откако била вознемирувана од соучениците, и се зачленила во нацистичката младина „Лига на германските девојки“. Брзо се истакнала пред водачите и во 1942 година била назначена за чуварка во Аушвиц.

Нејзините методи вклучувале пуштање на агресивни кучиња врз затворениците, а сведоците истакнувале дека честопати користела своја бруталност за да предизвика страв и болка. Во една од контроверзните ситуации, останала трудна, а затвореник-лекар бил принуден да изврши абортус.

Гризе и уште две чуварки, Јохана Борман и Елизабет Волкенрат, биле судени заедно со осум мажи за злосторства извршени во Аушвиц и Берген-Белзен. Ирма на 22-годишна возраст била осудена на смрт со бесење, а судењето траело 53 дена. Единствена во својот пркос, таа не покажала покајание, а ноќта пред егзекуцијата пеела нацистички песни со Борман.

На 13 декември 1945 година, во затворот Хамелн, Ирма Гризе била одведена на бесилка, оставајќи зад себе траг на страв и суровост кои го обележаа еден од најмрачните периоди во историјата на човештвото.

FixCredit
Atensa 300
Escape