Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, откри дека свесно избегнува користење на социјални мрежи и читање коментари, со цел да се заштити себеси и своето семејство од сè поголемиот бран на навреди и закани во фудбалскиот свет.
Оваа изјава следува по истражувањето на Би-Би-Си (BBC), кое покажа дека повеќе од 2.000 екстремно навредливи објави и пораки, вклучувајќи закани со смрт и насилство, биле упатени кон тренери и играчи во Премиер лигата и Женската суперлига само за време на еден викенд минатиот месец.















