Камерите од системот „Сејф сити“ веќе регистрираа рекорд во екстремно брзо возење. Податоците собрани во првите три дена од пробното функционирање на системот ја потврдуваат оправданоста од неговото воведување, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека за само 12 часа вчера се регистрирани 22.600 прекршоци, од кои речиси 95% (21.400) се за пречекорување на брзината.
Најголемата измерена брзина изнесувала 209 км/ч, додека најмала за која е изречена казна била 51 км/ч.
















